ШТИП: Светскиот вицешампион Емил Павлов се откажа од советник за целосно да му се посвети на каратето
Штип, 14.02.2022
Емил Павлов, момчето кое освои сребрен медал на Светското првенство во карате одржано во Дубаи минатата година, денес ја поднесе својата оставка на член на Советот на Општина Штип зашто сака целосно да му се посвети на спортот во кој ги оствари најголемите успеси.
„Јас, Емил Павлов, избран за советник на локалните избори во месец октомври 2021 година, поднесувам оставка на позицијата советник поради лични и професионални причини“, стои во писмената оставка која денес му беше усвоена од страна на советниците.
Павлов во оставката порачува дека сака целосно да има се посвети на натпреварите, подготовките, карантините на кои како спортист мора да е присутен, а поради што не може да одговори на задачите кои пред него ги поставува функцијата советник.
На функцијата советник Емил Павлов дојде од советничката листа на СДСМ.