Штип, 27.03.2020
Територијалната противпожарна единица и ЈП „Исар“ ги дезинфицираат влезовите од станбените згради.
Акцијата започна вчера кога ТППЕ Штип и ЈП „Исар“ започнаа со дезинфицирање на влезовите од станбените згради во сите делови од градот. Оваа акција продолжи и денесе, а ќе продолжи и во иднина во сите населби и сите станбени згради, со цел спречување на ширењето на Корона вирусот.
Граѓаните треба да ги следат насоките на Владата, Министерството за
здравство и останатите надлежни институции, а Општина Штип ги презема
сите потребни мерки во борбата против овој вирус.