Штип, 15.11.2022
Триесеттина слики од 59-та Меѓународна струмичка ликовна колонија се изложени денес во уметничката „Галерија 22“ при Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Изложбата, со пригоден говор, ја отвори писателот Трајче Кацаров.
Струмичката ликовна колонија е една од најстарите институции од ваков карактер. Годинава колонијата се одржа од 5 до 15 август, а учествуваа дваесет уметници од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Чешка.
Во „Галерија 22“ во Штип беа изложени триесеттина слики изработени за време на одржувањето на колонијата.
Струмичката ликовна колонија во Градот под Беласица остави траен белег со илјадници уметнички дела кои и денес ги красат бројните институции и стопански организации во градот како и домовите на љубители на сликарството.