Штип, 07.10.2019
Во вторник (08.10.2019) во изложбениот салон при Домот на култура „Ацо Шопов“, во 12,оо часот, ќе биде отворена изложба на слики од 56-та по ред Струмичка ликовна колонија.
На изложбата ќе биде претставени делата на уметниците кои беа учесници на годинашнава ликовна колонија која траеше од 1 до 12 август.
Посетителите ќе можат да ги видат делата на вкупно 14 уметници од Бугарија, Полска, Грција, Србија, Русија, Америка, и од нашата држава.
Струмичката ликовна колонија е една од најстарите колони во нашата држава, уметници од разни земји во изминатите 56 години насликале над 700 дела, а голем дел од нив се останати во Струмица, а освен во Центарот за култура „Антон Панов“, тие ги красат просториите и на бројни институции и стопански организации во градот под Беласица.