ШТИП: Советниците од ВМРО ДПМНЕ ќе го бојкотираат Советот

Штип, 11.01.2018

Јане Миланов
Јане Миланов
ivan-jordanov-360x209
Иван Јорданов

 

 

 

 

 

Советниците од опозициската ВМРО ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на Советот на општина Штип. Тоа ќе биде така се додека во притвор се држат нивни членови кои беа обвинети за тероризам во познатата драма во Собранието на Македонија.

-Ако до одржувањето на наредната седница на Советот не биде исполнето барањето на нашата партија за пуштање од притвор на нашите сопартијци, тогаш ние нема да учествуваме во работата на општинскиот совет. Тоа е единствениот услов кој е изграден во врвот на партијата и кој важи за сите општински совети па и за штипскиот, ни изјави Иван Јорданов, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Или пуштете ги од притвор нашите сопартијци, или нема да учествуваме во работата на Советот, ултимативно велат од штипското ВМРО ДПМНЕ

Јане Миланов, претседател на Советот на општина Штип ни изјави дека наредната седница ќе ја закаже за кон крајот на месецов.

-Планираме седницата да ја закажеме за 30 или 31 овој месец. Имаме многу за работа, имаме потреба да носиме одлуки во однос на културата, спортот, локалниот економски развој, да расправаме по извештаите за работата на основни и средни училишта во минатата година. Тоа е наша обврска, па иако имаме мнозинство во Советот сепак сакаме и советниците од опозицијата да учествуваат во работата на локалниот парламент. Секако дека одлуката си е само нивна и ние ќе ја почитуваме, иако и тие знаат дека мнозинство кое го имаме ни возможува да можеме да работиме и носиме одлуки, вели Миланов. 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе