Штип, 05.06.2019
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со градоначалниците од Велес, Бутел и Гази Баба присуствуваа на потпишување на Меморандум за соработка со Балкански Институт за одржлив развој во Дом на Европа со седиште во Софија.
Се работи за продлабочување на пријателските односи со соседните Општини и зацврстување на меѓусебната соработка со посебен акцент на одржливиот развој.
Со овој меморандум за соработка потписниците воспоставуваат меѓусебна соработка во развој на стратешки документи, студии анализи, соработка за аплицирање на европски и домашни фондови за финансирање на проекти, вмрежување со други деловни заедници со цел отворање на нови бизнис хоризонти, пренесување на знаења и истуства, соработка во сфери од делокругот на законските надлежности и стратешки интереси на Општина Штип, какошто се урбан развој, инфраструктура, економски развој, развој на човечки капитал, енергија и енергетска ефикасност, климатски промени и животна средина.