Штип, 15.03.2020
Компанијата ГДи од Скопје ја изработи и ја направи достапна за јавноста првата мапа за коронавирус во државата.
Состојбата со заболени лица од коронавирусот во земјава може да се следи на апликацијата
http://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5,
Од мапата може да се види дека во нашата држава од коронавирус се заболени 18 лица од кои 16 во Дебар и две во Скопје. Тоа значи дека во другите делови на нашата држава нема заболени од вирусот кој го потресува светот.
Од заболените досега нема ниту едно лице починато додека едно е излечено.
(и.б.)