Штип, 03.04.2020
Младите штипјани С.А. и П.Р. кои на интернет го постираа видеото од претепувањето кое пред два месеци го извршиле врз млада штипјанка денес се спроведени во Основниот суд во Штип. Полицијата бргу по објавување на видеото и големите реакции на граѓаните на социјалните мрежи ги пронајде насилниците и експресно ги предаде во надлежност на судот.
Според информацијата на ТВ Телма, тепачите се товарат за кривично дело насилство.
Инаку, видеото од претепувањето на девојката беше објавено вчера на социјалните мрежи. Граѓаните, преку социјалните мрежи бараа од доживотни казни затвор до нивно „инсталирање“ на плоштадот за секој да им суди како што ќе посака.
Во изјава за медиум, на прашање зошто ако настанот се случил пред два месеци таа не го пријавила истиот, претепаната девојка рече дека еден од насилниците и упатувал закани по живот ако за тоа „само писне некаде“.
Основното јавно обвинителствоаво Штип утринава достави предлог до судот за одредување мерка притвор заради обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, а обвинителството смета дека постојат околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело.
(и.б.)