ШТИП: Убав мозаик за нова убавина на платото пред Домот на култура „Ацо Шопов“
Штип, 25.03.2022
Нов мозаик се поставува на платото пред Домот на култура „Ацо Шопов“. Истиот ќе ги краси двете жардињери кои вработените ги претвараат во мали фонтани од кои водата ќе блика во скоро време и дополнително ќе го освежува овој убав простор.
Ментор во изработката на мозаикот е уметничката Александра Димитрова, соработник Верица Наумова, наставничка по ликовно во ООУ „Ванчо Прке“, а во изработката учествуваа и ученици од штипски основни училишта кои се надарени за овој вид уметност.
-Вкупната квадратура на мозаикот е 24 метри квадратни, двете фонтани и мозаиците на нив свечено ќе ги претставиме на Денот на светската уметност-15 април оваа година, ни рече Горан Трајков, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“.