ШТИП: Шест нови заразени од коронавирус, тројца од нив здравствени работници

Штип, 11.04.2020

Шест случаи позитивни на КОВИД-19, од кои тројца се здравствени работници од штипската Клиничка болница, информираше кризниот штаб на Општина Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврди дека резултатите се позитивни за болничар, медицинска сестра и еден лекар специјалист, кој не е од Инфективното одделение.

Во Штип по случајот со 80 годишната жена, која во вторникот ја загуби битката со корона вирус, а беше примена со негативен тест и дијагноза бронхопневмонија позитивни на коронавирус се вкупно четворица здравствен работници. Негативни се тестовите за  пет медицински лица од Инфективното одделение, а за остантите шест се чекаат резултатите да пристигнат во текот на утрешниот ден.

(с.т.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе