ШТИП: Штабот за заштита и спасување со мерки за Ковид 19

Штип, 09.10.2020

Задолжително  зајакнување на  соработката со Ковид -координаторите  за училиштата со Центарот за јавно здравје за навремено информирање на дневните состојби со цел превземање на соодветни мерки  е една од мерките кои денес ги донесе Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Штабот ќе упати барање до Комисијата за заразни болести и централниот Штаб за изработка на конкретен протокол за вршење на превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај кој ќе го замени протоколот за вршење на меѓуградски превоз од Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус Ковид– 19. Со донесувањето на овој протокол ќе се опфатат сите видови на превоз кои се одвиваат на територијата на Република Северна Македониј, а посебно и видовите на превоз кои се одвиваат на територијата на локално ниво кои не се опфатени со протоколот за вршење на меѓуградски превоз.

02Соработка на МВР со ДИТ-Штип и останатите инспекторски служби се со цел реализирање на засилени ненајавени надзори и контроли во угостителските објекти, компаниите се со цел почитување на здраствените протоколи.

Зголемени контроли на превозот од страна на Општинскиот инспектор каде најчесто транзитираат линиите за превоз со работници во текстилната индустрија.

Штабот го упати и следниов апел до граѓаните на Штип:

При изработка на епидимиолошките анкети да бидат совесни и да ги доставуваат точните информации до ЦЈЗ се со цел точно утврдување на ризичните контакти.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе