„Ѓедо“ умре, ќе умре и Ѓекна, но, се уште, не се знае кога!?

На Бога божјото, на царот царевото!

Одвоеноста на црквата од државата, подеднакво им користи и на двете, исто, како што преплетувањето и сплотеноста, подеднакво, им наштетува.
Вчера, во Подгорица, во малата Црна Гора, се случи голем настан, кој, политички нема да промени ништо и покрај фактот што одарот на владиката Амфилохие беше искористен како посакуван симбол за само уште едно утешн “србување”. Покојникот и самиот замина на небото поразен од опакиот Ковид – 19, така што ефектите, на здравствен план, можат да бидат катастрофални. И не само по Црна Гора.

Реално, владиката Ристо, од составувачот на новата црногорска власт, веќе прогласен за Ристос, беше понос на православието: “православие диши -кирилица пиши”. Објективно, беше тоа најпросветлениот и најпосветениот, кон Бога и својот народ, духовник на Балканот и во православниот свет. Она, со кое ние располагаме овде, ниту одалеку не му е ниту до колената. Сестрано образуван човек, дури и формално со два факултета,со аура на испосник и аскет, полиглот…

Амфилохие, во еден период од животот, на својата духовничка аура и додаде национал-клерикална наметка (кога Црногорците го бомбардираа Дубровник, а Србите Вуковар), но тоа петно го покри на Косово, кога заминуваше непобедивата ЈНА (предтоа заминаа Русите со леб и сол дочекани!), а, тој, на генералите им кажа:Вие бегајте, јас останувам!

Амфилохие ги одби понудите на тогашниот негов миленик, подоцна непријател, Мило Ѓукановиќ и формално да влезе во политиката, но, тој послендите три децении живееше со политиката и влијајеше на политичките процеси.

Исто толку и политичарите го корисета за свои цели, како што го искористија “обилато” неговото погребание: “ја вознесе Црна Гора” (мандаторот, професорот Кривокапиќ),”надајмо се” ќе биде последниот владика кој ја бранеше црквата од дел на својот народ”, беседеше новиот спикер на парламентот, Алекса Бечиќ.

Секаде каде се србува, тука е и Милорад Додик, член на босанското Претседателство (истовремено заговорник на постдејтонска Босна), за народот и црквата: “највлијателниот политичар на Република Српска”. Очекувано беше и присуството на српскиот претседател Александар Вучиќ (за прв пат откако суверено владее со Србија!), затоа што популист од негов ков, добро знае дека политиката е прагма, лесно поминува преку отворените навреди на покојникот дека е предавник на српскиот род.

Вучиќ ја искороиисти ретката прилика, од Подгорица да каже дека “Србите ќе останат свои на своето”, за јаготката на погребната процесија да ја постави лично Матија Беќковиќ, до вчерашниот ден “персона нон грата” за довчерашната црногорска власт.

Погребот побуди очекувано внимание во балканската и светската јавност.Познавачите на приликите, веќе го поставиија клучното прашање:се менува ли курсот во црногорската политика, особено кон надвор? Малата Црна Гора, смртта на великодостојникот, ја затекна во некаков расчекор, во доба на транзиција на власта. Не само симболично, немаше никој од власта на заминување, па ниту “кохабитаторот” Мило.

Прашањето може да се постави и вака:беше ли тоа манифестација на реално српско и сесрпско обединување, или, пак, само една утешна прилика и можност политичарите да изрежираат претстава за народ?

Најверојатно, ова, второво. Инаку, не би било изрежирано последен говорник од страна на плебсот да биде Србинот со националистичка аура, Матија Беќковиќ. Помалку трамповски тој воскликна дека “покојникот небото го повикало во вистинскиоит час, откако ги победи короната (од која и самиот замина!) и “мирисот на братската омраза”, додека на Црна Гора и донесе “нова слобода”. Црна Гора “реши да оздрави, додека владиката, со својата смрт, ги запечати сите победи”-беседеше Бечковиќ.

Очекувано, од покојникот се прости и поглаварот на СПЦ, патријархот Иринеј, човекот кој од Амфилохие би гопобедувал во Синодот и “по стотину пута”, ако го нема ждребувањето “согласно евангелските канони”.

Црна Гора нема да почне од “А”,во своето оздравување. како што би сакал Бечковиќ. “Србувањето” над отворениот оддар, среде светска пандемија, ќе остане само како утеха и манифестација на неискреност на балканските кабдахиски политичари со тешки биографии, на кои основна гернерика им е криминалот.Тие едно мислат, друго зборуваат, сосема нешто трето прават!

Ниту Црна Гора ќе се врати назад во лажната “неутралност” на Вучиќ, ниту пак ќе има нова државна творба со “две очи во една глава”!Местото на Црна Гора останува онаму каде и припаша-просторно,култоролошки, цивилизациски.А тоа е Западот.Таму ќе биде и Србија, само што нема кој да им каже на Србите.

Таму ќе бидеме и сите ние од Балканот. Ниту Гоце Делчев ( заедно со него и сите ние Македонците – овде и во расејувањето) ќе бидеме Бугари по корен, и колку да ги има залутаните и стратешки промашените во европското семејство, кои бараат туѓи корени затоа што немаат свои!Особено, ако од утре, на тронот во новиот Бабилон преку големата бара, дојде нов “вујко (Џ) Сем”. Ако за Македонија нема Брисел, поради старобалканското инаетење на Софија, за почеток, ќе има Мини-Шенген, ќе има регионално поврзување.

На погребот на Амфилохие дојдоа само поглаварите на Украинската и на Албанската православна црква.Не дојде ниту “поглаварот” на политичката задужбина на Милошевиќ – Сцијалистичката партија Србија, спикерот Дачиќ. После положениот испит од страна на Вучиќ, на столчето пред Трамп, брзо се расточува и маргинализира Дачовизмот во Србија, а брзо ќе следи и политичкото и енергетско раздружување со мајчица Русија.

Ниту Путин дојде во Белград да го слави ослободувањето, ниту, пак, Лавров можеше да смисли подобро оправдание, освен она со “дипломатската болест!”.

Ќе остане само рефренот: “православље дисали – кирилицом писали!”.

Веле Митаноски

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе