Рударството во нашата земја има убава перпсектива, може заедно да егзистираат со екологијата, земјоделието,туризмот…
- Интервју со Николајчо НИКОЛОВ, претседател на Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора
Рударството е една од позначајните стопански гранки во нашата држава, а последниве години околу отворањето на нови рудници се крева голема бура. Екологистите секогаш се против отворање нови рудници, рударските експерти убедуваат дека во секоја држава, па и кај нас е можно заедно да егзистираат и рударството и екологијата. За состојбите во рударството кое социјално ситуира близу 13.000 вработени, од кои 2.500 се во секторот обоени метали, за istokpress.mk разговараме со Николајчо Николов, претседател на МАР – Македонска асоцијација за рударство која е во состав на Стопанската комора на РСМ.
И.П: Г-дин Николов, на чело на Македонската асоцијација за рударство сте повеќе од 15 години, практично од самото формирање на оваа асоцијација при Стопанската комора на РСМ, која беше замислена како организација која обединувајки ги рудниците во републиката ќе се труди да го унапреди и олесни нивното работење. Дали успеавте во тоа?Н.Николов:
Николов: Во текот на овие 15 години многу работи во рударството се изменија.Во периодот од 2001 до 2005 година поради светската криза и ниските цени на металите на берзата пред се, многу рудници за метали во нашата држава беа затворени,претходно неправилно експлоатирани и „рајбовани“, а голем дел од вредните рудари останаа без работа,голем број од нив се иселија и побараа работа надвор од нашата држава. Во периодот од 2004 до 2006 година во нашата држава се појавија добри странски инвеститори и за кратко време беа реприватизирани „Бучим“,„Саса“,а покасно и „Злетово и Тораница“ со што живнаа и Радовиш, Македонска Каменица, Пробиштип и Кррива Паланка, градови во кои се наоѓаат истите.Беше тоа еден убав период и најава на новата ера на македонското рударство после осамостојувањето на нашата држава.
Сакам да прецизирам дека токму во тој период настана и формирањето на МАР која асоцијација на рударите имаше свој придонес во развојот и правилната експлоатација на рудниците,со посебен осврт кон подобрување на влијанието на истите врз животната средина,подобрување на законот за минерални суровини,кој реално е еден од многу често менуваните закони во нашата држава.
Прашање без одговор е дали кај нас најголеми загадувачи се рудниците? Мојот одговор е негативен ,а сомнително е кој и како ваквите екстремни движења против отворањето нови рудници ги помага и финасира и дали оваа работа кај нас постана економски исплатлива и вносна??
И.П: Вие опфативте еден убав период во македонското рударство кое секако го подобри животот на рударите и градовите во кои работат,но и ја подобри македонската економија. Но, последниве години сведоци сме на една нова слика која проблематизира некои важни нешта во однос на развојот на оваа индустрија….Имено, имаме една друга слика во нашата држава.Против рударството и рудниците се кренаа многу невладини здрженија,еколошки друштва и движења.За рударството се изречени тешки и навредливи обвинувања, нарекувани се „рудници на смртта“, носени се транспаренти со пораки „стоп за рудниците“ и слично. ШтоНа ова Вие како човек,но и како претседател на МАР остро реагиравте преку медиумите. Можете ли да ја објасните оваа појава и кој е Вашиот личен став?
Николов: Искрено Ви благодарам што ми дадовте можност и овој пат да си го кажам своето мислење но и да го пренесам мислењето на поголем број на членовите на МАР. Како прво,јас па ниту членовите на МАР никогаш не сме кажале дека рудниците воопшто не ја загадуваат животната средина,но секогаш тврдиме дека со примена на потребните мерки,правилната експлоатација на минералните сурови,постојани контроли на почвата,воздухот и водите може да се обезбеди одржлива животна средина без штетно влијание на луѓето и околината, а тоа е главниот проблем во нашите односи и разидувања со невладините организации и движења и некои еколошки здруженија во нашата држава.
Јас лично, а и поголем дел од членовите на МАР аполутно се сложуваме со невладините организации дека локалната самоуправа треба максимално да биде конуслтирана при доделувањето на концесиите за експлоатација,но сме против менувањето на ставовите,бидејки тоа им дава голема несигурност на инвеститорите.
Ние како представници на МАР,вработени во рудниците апсолутно сме за подобрување на животната средина,не само во рудниците,туку насекаде.Погледајте ја нашава мала убава земја:сите реки загадени,низ нив пливаат најразлични неразградливи пластики,отпади и гадости,скоро да нема пат покрај кој нема депонии,вклучувајки ги и влезовте во нашата земја на граничните премини,загадениот воздух во поголем број на нашите градови од користење на секакви горива, секакви индустриски загадувања ,стари и неисправни автомобили,прекумерно и неконтролирано сечење на шумите,уништување на речните корита од дивокрадци на песок и чакал,прекумерната употреба на пестициди во земјоделството и што ли уште не. За мене тоа се важни прашања за вистинските еколошки друштва и сите ние максимално треба да ги подржиме,а прашање без одговор е дали во сето тоа најголеми загадувачи се рудниците?Мојот одговор е не,а сомнително е кој и како ваквите екстремни движења ги помага и финасира и дали оваа реабота кај нас постана економски исплатлива и вносна??
Ние како луѓе,државата како идна членка на ЕУ треба максимално треба да ги помогнеме и подржиме ваквите движења кои искрено,целосно и континуирано се залагаат за подобра животна средина.Никако не треба да бидат поддржани тенденциозните движења и нивниот сомнителен и демагошки интерес.
И:П: Без разлика на моменталната ситуација, какво е Вашето мислење за иднината на рударството во нашата држава?
Николов: Во принцип јас како човек сум оптимист.Бидејки во руарството поминав скоро 17 години и врз база и на личното искуство,но и врз база на реалните рударски потецијали во замјата,сметам дека рударството во нашата земја има перспектива.Во оваа прилика сакам да ги спомнам зборовите на еден висок преставник од Канада кој беше на гости во Стопанската Комора на РСМ преку амбасадата на Канада од Белград и кажа:сакам да размислувате како може „и“ – „и“,а не само „или“-„или“ во смисла на рударство и земјоделие,рударство и туризам,а не или -или.Мала и недоволно развиена земја треба да размислува како може и-и и да користи се што има,а ние имаме доста.
Во наредниот период јас сметам дека и судбината на проблематичните и многу дискутирани идни рудници „Иловица-Штука“ и „Казан Дол“ ќе добијат позитивна разврска,но сите сегашни и идни инвеститори во рударството во нашата земја мора сериозно и точно да си ги исполнуваат своите договорни и концесиски обврски и дека без разлика на моменталната клима ќе се отвараат уште нови рудници со сериозни инвеститори кои стрго ќе водат внимание за животната срдеина,преди се и над се. Бидејки ние имаме факултет за рударство и геологија во Штип,кој има долго искуство и искусен наставен кадар,сметам дека нивниот удел и мислења за сегашноста и иднината во рударството треба да бидат поактивни и уважувани од страна на релевантните институции по сите прашања.
Во наредниот период јас сметам дека и судбината на проблематичните и многу дискутирани идни рудници „Иловица-Штука“ и „Казан Дол“ ќе добијат позитивна разврска,но сите сегашни и идни инвеститори во рударството во нашата земја мора сериозно и точно да си ги исполнуваат своите договорни и концесиски обврски
И.П: Вие досега зборувавте главо за рудниците за обоени метали.Но во Вашата асоцијација членуваат и каменоломите за градежни материјали,украсниот камен,јагленот како енергетска суровина,глини и каолини,гипс и др.Каква е состојбата кај нив??
Николов: Да во право сте.Кратко би кажал за останатите членки на МАР. Познато и евидентно е дека во нашата држава има многу каменоломи,кои ја деградираат природата.Мое мислење кое веќе сум го кажал е дека во замјава има преголем број на мали каменоломи,економски слаби претпријатија,распоредени на мали растојанија и како такви немаат економска моќ да ги спроведат и основните еколошки норми и мерки и тука е потребна ревизија на законот за МС.
Кај мермерите и украсниот камен и гипсот треба да се тежи на што поголема финализација и производи со поголема додадена вредност,како барање и во корист на државата. Кај глините и каолините кои се доста запоставени треба да се изгради нова државна стратегија и да се вратиме кон зголемено домашно производство на градежни материјали,особено ако се има предвид гасификацијата на земјата и обезбедување на поквалитетно еколошко гориво. Јаглените кај нас главно се во државна сопственост и се користат нако енергетски горива за производство на електроенергија.
И.П: Покрај другата корист од рударскиот сектор државата и локалната самоуправа имаат корист од концесискиот надомест кој значително ја полни касата на државата и локалната самоуправа.Каква е состојбата со овие плаќања?
Николов: Рударството во нашата држава учествува со 1 % во вкупниот БДП и околу 10% во индустријското производство што е значајно. Концесискиот надомест за металичните суровини изнесува 2% од реализацијата,од кои 78% одат за члокалната самоуправа,а 28 % за државата,така да градовите односно локалната самоуправа имаат значителна финансиска помош од концесискиот надомест.Концесискиот надомест во нашата држава по мои информации главно редовно и уредно се плаќа. Само колку за информација на читателите, Општина Радовиш годишно од концесискиот надомест од рабоатата на рудникот Бучим во својот буџет добива 1.000.000 евра.
Вкупниот број на вработени,редовните и релативно високите примања и давачки кон државата,успешното опстојување на овој сектор и во услови на Корона 19 се уште еден податок зошто треба до го помагаме овој сектор во нашата земја.