Кочани, 15.08.2024
Од понеделник, 19 август, Општина Кочани го започнува процесот на затворање на депонијата која обврска е дел од проектот Регионален систем за управување со отпад во Источниот плански регион. Работите на затворањето ќе ги изведува фирма задолжена за затворање на депониите од овој проект.
Ова е договорено денес на состанокот на градоначалникот Љупчо Папазов со заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, претставниците задолжени за реализација на проектот од Министерството за животна средина и Министерството за финансии и избраните изведувачи за затворање на непрописните депонии, што се одржа денеска во Министерството за финансии.
Општина Кочани се соочи со неповолна состојба и несакани ефекти од депонијата откако беа затворени депониите во Виница, Зрновци и во Чешиново-Облешево, поради што за 50 проценти се зголемија количините на отпад на кочанската депонија.
На денешниот состанок му претходи интензивна комуникација, која беше проследена и со официјални дописи од Општина Кочани со барање од органите на централната власт техничка и финансиска поддршка во решавањето на состојбата со кочанската депонија.
Општина Кочани се соочи со неповолна состојба и несакани ефекти од депонијата откако беа затворени депониите во Виница, Зрновци и во Чешиново-Облешево, поради што за 50 проценти се зголемија количините на отпад во кочанската депонија.
Депонијата во минатиот период претрпуваше чести опожарувања, на што реагираа од КЈП „Водовод“, Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво – Кочани кои интервенираа со механизација и формирање заштитен појас за спречување на ширењето на пожарот од ѓубриштето кон соседните површини. Таа и денес гори.
Во КЈП „Водовод“ – Кочани тече постапката за набавка на алги за еколошки третман на отпадот.