Од ноќеска бензините ќе поевтинат за денар и половина, а дизелот за денар

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар, соопштија во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

„Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1 денар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,931 денари. Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 74 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 76 денари, а дизел гориво ќе чини 68,5 денари“, наведено е во соопштението на РКЕ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press