Македонсиот репрезентативец Елмин Растодер ја продолжи голгетерската низа во дресот на Тун. Вчера во дербито со Базел во рамките на 33. коло од шампионатот на Швајцарија, нашиот голгетер го постигна третиот гол за својата екипа, потврдувајќи ја високата победа на домашните од 3:1.
За Растодер ова беше веќе 13-ти сезонски гол што го остава во ТОП 4 најдобри стрелци во првенството. Тун со овој триумф остана на врвот на таелата со 6 бода предност пред Ст. Гален во битката за титулата.
