КОЧАНИ ja oдбележа 121 година од смртта на Никола Карев и патрониот празник на истоименото основно училиште
Кочани, 27.04.2026
По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и повеќе делегации положија свежо цвеќе на спомениците на Карев во школскиот двор на истоименото основно општинско училиште и во Паркот на Револуцијата во Кочани.
Одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Никола Карев“ годинава беше под знакот на хуманоста, другарството и емпатијата, кои, како што беше истакнато во рамките на празнувањето, се многу повеќе од научена лекција од учебник.
Во пресрет на патрониот празник на училиштето, Извидничкиот одред „Никола Карев“ изведе марш до Свиланово, во чест на патронот. Ученици и наставници од кочанското училиште што го носи името на Карев се поклонија на спомен-обележјето и положија свежо цвеќе.


