Ќерката на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас го прави првиот голем чекор во шоу-бизнисот

Керис Даглас, 23-годишната ќерка на актерите Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас, влегува во светот на театарската продукција.

Само неколку месеци по дипломирањето на Универзитетот Браун, таа најави дека ќе продуцира претстава на Off-Broadway сцената во Њујорк и објави јавен повик за драмски текстови, од кои избраниот ќе биде поставен на сцена.

Керис на проектот работи со своја колешка од факултет, а пробите треба да започнат во јуни, додека премиерата е планирана за средината на јули.

Таа претходно изјави дека пораснала опкружена со театар и дека иако не студирала глума, отсекогаш била привлечена од уметничката средина.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press