Влогот во безбедноста даде големи резултати во рудникот САСА

М.Каменица, 28.10.2017

♦ Неил Стевенсон, генерален директор: „Горди сме на нашите вработени за ова достигнување со кое САСА е чекор поблиску до најдобрите практики во оваа област на глобално ниво“.

Рудникот Саса, еден од најдобрите рудници за олово и цинк во Европа, последниве години не жалеше средства за подобрување на безбедноста при работа. Таа посветеност и значајните инвестици во делот на безбедност помогнаа во изминатите 365 дена во рудникот да не се случи ниту една повреда на работното место. За одбележување е дека во претходните 11 години од рестартот на „Саса“ ваков позитивен рекорд траеше 21о денови.

Генералниот директор Неил Стевенсон јавно ја искажа својата гордост од овој резултат во сверата на безбедноста.

SASA BEZBEDNOST 1
„Саса“ на работа прими млади рудари кои морааа да го поминат курсот за безбедност при работа

„Горди сме на нашите вработени за ова достигнување со кое САСА е чекор поблиску до најдобрите практики во оваа област на глобално ниво. Тоа е резултат на посветеноста на сите вработени во издигнување на безбедноста како највисок прироритет во компанијата и на напорите за континуирано унапредување на стандардите, процедурите и односот кон безбедноста и здравјето при работа“, изјави генералниот директор на САСА, Неил Стевенсон, потенцирајќи дека „компанијата и понатаму ќе продолжи да вложува значајни средства, енергија и знаење со кои се обезбедуваат предуслови за безбедна и здрава работа средина“.

За Митко Николовски,. Раководител на службата за безбедност при работа овој сегмент од животот на рудникот е мајка на сите приоритети.


Вложувањата во сегментот на безбедноста и здравјето при работа во рудникот САСА заземаат значајно место во вкупните инвестиции во модернизација на рудникот, кои во изминатите 11 години надминаа 65 милиони евра. 


„Безбедноста при работа и здравјето на вработените е приоритет над сите приоритети во рудникот САСА. Тоа е област на која што сите ние работиме максимално посветено. За да го постигнеме тоа, ги имплементиравме најстрогите меѓународни практики и стандарди, вклучувајќи го и системот за управување со безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001, со што сме единствен рудник со ваков сертификат во регионот“, вели Николовски.

Вложувањата во сегментот на безбедноста и здравјето при работа во рудникот САСА заземаат значајно место во вкупните инвестиции во модернизација на рудникот, кои во изминатите 11 години надминаа 65 милиони евра.

Во тие рамки, помеѓу останатото, секој вработен е обезбеден со комплетна лична заштитна опрема, се организираат редовни обуки за сите вработени на теми од областа на безбедноста и здравјето при работа, воведени се задолжителни редовни медицински прегледи на сите вработени, формиран е диспечерски центар за континуирано следење на состојбите во рударските јами и останатите постројки, целосно е опремена амбуланта со постојано дежурство на медицинско лице, како и санитетско возило со комплетна опрема.

РАМКА

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе