(Видео) Бремената актерка (52) зазеде став: Им одговори на сите што ја навредуваат поради нејзината одлука да роди дете
Актерката Хилари Свонк отворено зборуваше за мајчинството, осврнувајќи се и на силните критики од јавноста со кои се соочи поради својата бременост на 52-годишна возраст.
Хилари Свонк неодамна гостуваше во британската емисија „This Morning“, каде што разговараше за различни теми. Таа се осврна на мајчинството, како и на веста дека на 52-годишна возраст го очекува своето трето дете. Спомена дека наишла на бројни негативни коментари, но дека сега има подготвена порака за оние кои имаат поинакво мислење.
„Мораме да чекориме во чекор со времето“, изјави актерката, истакнувајќи дека луѓето денес живеат подолго и дека сè повеќе жени одлучуваат да станат мајки во подоцнежните години.
Свонк исто така објасни зошто одлучила да стане мајка дури во подоцнежните години. Таа напомена дека нејзината актерска кариера ѝ била важна и дека целиот свој фокус го насочила кон тој аспект од својот живот.
„Знаете, се чувствувам благословена што имав можност да бидам актерка. Мојата кариера беше моето прво ‚дете‘ – нешто на што можев целосно да се посветам – и не сакав други работи да ми го одвлекуваат вниманието од тоа. Сега имам и кариера и деца, и конечно сум среќна. Благодарна сум за тоа“, нагласи таа.
Таа зборуваше и за својот сопруг, Филип Шнајдер, и спомена дека нејзините близнаци со нетрпение го очекуваат новиот член на семејството.
„Имам прекрасен сопруг и деца кои ги обожаваме. Тие ми даваат поддршка, а децата едвај чекаат да пристигне бебето – постојано ме прашуваат кога ќе ‚стигне‘. Секогаш им велам: ‚Кога ќе дојде Божиќ‘. Оттогаш, тие постојано се будат и прашуваат: ‚Дали дојде Божиќ?‘. Навистина се возбудени“, заклучи Хилари.
