28 лица македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од Израел

28 лица се пријавиле да бидат евакуирани од Израел, соопшти денеска на прес-конференција министерот за насворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Евакуацијата, како што кажа тој, ќе се врши со владиниот авион.

„Веднаш по добиените информации за ескалацијата на состојбата на Блискиот исток, министерството, преку нашата амбасада во Израел започна активности за евакуација на наши граѓани. Формиран е и кризен штаб за нивно безбедно извлекување. Согласно најновите информации, 28 државјани побарале поддршка за евакуалција. Очекуваме 8 наши државјани до крајот на денов или најдоцна утре да се префрлат на безбедна територија. Ќе се организира и безбеден конвој за транспорт кон Египет. Втората група се очекува да го напушти Израел и да го напушти веднаш по воспоставување редовен авионски сообраќај од Тел Авив. Во оваа фаза евакуацијата ќе се реализира со авион кој ќе обезбеди транспорт“, рече Муцунски.

Тој информира и дека персоналот на нашата амабсада се наоѓа на безбедна локација.

„Апелираме сите да се воздржат од патување во Израел и Иран. Изразуваме најдлабока загриженост за ескалацијата, апелираме сите страни да го почитуваат меѓународното право“, додаде тој.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press