Макпрогрес Виница со нова инвестиција и нов иновативен бренд Фантазија

Виница, 12.03.2018

Реномираната македонска кондиторска компанија Макпрогрес деновиве и официјално го пушти во употреба новиот погон за производство, преработка и пакување, истовремено и зголемувајќи го своето семејствона брендови со нов бренд Фантазија.  Станува збор за линија на полуготови производи создадени според потребите и барањата на современите потрошувачи.

Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес
Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес

Инвестицијата е во вредност од 650.000 евра, со неа сеа обезбедуваат нови вработувања, како и зголемување на извозните капацитети на компанијата.

Технолози, дизајнери и маркетери од Макпрогрес повеќе од две години работеа околу креирањето на асортиманот, неговото тестирање и лансирање. Фантазија нуди иновативни производи, нешто што за прв пат се нуди во светот, како на пример солени мафини и крекери кои се идеални и брзи за подготовка на појадок или ужина. Асортиманот вклучува разни мисови за секогаш успешна подготовка на колачи, крекери, мафини како и голем избор на додатоци и декорации за десерти.

Како што кажува и самото име Фантазија, се работи за фантастичен избор на полуготови јадења, подготвени според желбите на 1дсовремените потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат здраво и убаво да се хранат. Долго време, можеби повеќе од две години се подготвувавме и работевме напорно на создавање на брендот Фантазија. Тргнавме од идејата дека сакаме да имаме здрави производи кои ќе се подготвуваат за кратко време, а ќе бидат наменети за сите оние кои сакаат повеќе време за себе и дружење со најблиските, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Mакпрогрес.

Со новата инвестиција вредна 650.000 евра Макпрогрес достигнува бројка од 750 вработени со што се етаблира како најголем работодавач од прехранбената индустрија во источниот дел на Македонија.

1P1A0426Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст, Макпрогрес повторно го потврдува својот епитетит на  една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија. Го потврдува својот углед и своето реноме на иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите, и која создава високо конкурентни брендови кои можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари.

Макпрогрес е и една од најуспешните извозно ориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот.  Двигатели на македонската економија, компанија која придонесува кон севкупниот развој на домашната економија, со амбициозна цел, до 2020 година да го зголеми производниот капацитет двојно од оној во 2014.

Успехот на компанијата значи успешна приказна и за семејствата во Кочани, Виница и многу други градови од Источна Македонија бидејќи скоро и нема семејство во овој регион кое нема барем еден вработен во Макпрогрес. Со новата инвестиција компанијата достигнува бројка од 750 вработени и со тоа претставува најголем работодавач од прехранбената индустрија во источниот дел на Македонија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе