Штип, 14.06.2019
Четириесет мигранти се пронајдени во возило марка мерцедес на патото Штип-Радовиш. Возилото било запрено од полицијата кај шести километар, а се работи за товарно моторно возило со скопски регистерски таблички управувано од 46 годишен жител на селото Петровец.
Возилото било запрено вчера околу 14,30 часот, а од полицијата информираат дека при контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти, од кои 26 од Пакистан, десет од Сирија и четири лица од Египет, од кои 12 се малолетници. Возачот со инцијали З.П. бил приведен и задржан во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од полицијата.