Висока награда за премиерите Заев и Ципрас за придонес кон мирот во светот

Штип, 28.09.2018

За покажаното лидерство, за храброста во решавање на деценискиот спор помеѓу Македонија и Грција, за придонес кон мирот на Балканот и во светот воопшто, нашиот премиер Зоран Заев и премиерот на Грција Алексис Ципрас станаа добитници на престижното светско признание наградата „Браќа Карич“.

Се работи за високо светско признание кое оваа фондација со седиште во Белград ја доделува на светски политичари и истакнати личности кои придонесуваат за светскиот мир. Меѓу добитниците е и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

zaev01Одлуката за доделување на наградата „Браќа Карич“ на премиерот Заев му беше предадена на последниот митинг на невладината „За европска Македонија“ одржан во Прилеп. Одлуката на нашиот премиер му ја предаде Драгомир Карич, пратеник во српскиот парламент, чија партија е во коалиција со владејачката партија на претседателот на Србија Александар Вучиќ, а српскиот претседател јавно го поддржа европскиот пат на нашата држава.

Наградата на фондацијата „Браќа Карич“ за придонес кон светскиот мир ја имаат добиено голем број светски политичари, меѓу кои и бившиот претседател на САД Бил Клинтон. Оваа награда на Заев и Ципрас ќе им биде врачена на голема свеченост која ќе се одржи на 22 ноември годинава во Сава Центар во Белград, а на која ќе присуствува европската политичка елита.

„Би биле почестени нашата најзначајна награда, Наградата „Браќа Карич“ да се најде во Вашите раце“, стои во одлуката.

Исто таква одлука му е предадена и на грчкиот премиер Ципрас.

Заев и неговиот грчки колега наградата ќе ја примат на голема свеченост на 22 ноември оваа година во Сава Центар во Белград, а на настанот е најавено дека ќе присуствува европската политичка елита.

Нашиот портал istokpress.mk ја објавува одлуката на Фондацијата со потпис на Даница Карич Стојилкович, претседателка на Управниот одбор на фондацијата.

Ја објавуваме и фотографијата од моментот кога Драгомир Карич му ја предава одлуката на Фондацијата на митингот во Приле одржан пред два дена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе