Градоначалниците од Источниот регион скијаа на Пониква во знак на поддршка на нејзиниот развој, никој не скрши нога

Кочани, 31.01.2019

Со цел да се истакне значењето на развојот на Пониква за регионот,градоначалници од Источниот плански го посетија зимскиот рекреативен центар и им се придружија на љубителите на ноќното скијање.

Градоначалникот на Кочани и претседател на ИПР, Николчо Илијев соопшти дека се размислува за заедничка стратегија за развој на туризмот со поширок опфат при што би се направило поврзување на планинскиот, геотермалниот и руралниот туристички потенцијал на регионот, стратегија којашто би добила поддршка од централната власт.

ponikva skijanje_800x533–Покрај усогласувањето на урбанистичките планови за Пониква, во  Општина Кочани е започната постапка за измена на планските документи за заинтересираните инвеститори во спа-туризмот. Општината е позната по геотермалниот потенцијал и наша намера е да направиме спој на капацитетите за зимски и бањски туризам, според искуствата на слични центри, меѓу кои најдбар пример е соседна Бугарија,  соопшти градоначалникот на Кочани.

Како најдобри скијачи се покажале градоначалниците на Кочани и на Пробиштип – Илијев и Анастасов. Се по системот – наша планина, наше скијање, наш успех.

Илијев ги истакна потенцијалите за скијање на Царев Врв, за што е изработена и студија во која се предвидени скијачки патеки од 16 километри, неколку ски-лифта и други инфраструктурни услови.

–Досега имавме повеќе средби на кои договаравме како заеднички со Владата да направиме што подобри услови на Пониква за да привлечеме гости од целата држава. Иако во моментот има доволно природен снег, сепак правиме напори за повторно оспособување на топовите за вештачки снег со што максимално ќе се искористат условите за скијање. Како општина, ние направивме измена на деталниот урбанистички план за пробиштипскиот дел од планината, и предвидовме парцели за четири објекти за хотелско сместување за чија изградба има голем интерес, истакна Драган Анастасов, градоначалник на Пробиштип.

Инаку, како најдобри скијачи се покажале градоначалниците на Кочани и на Пробиштип – Илијев и Анастасов. Се по системот – наша планина, наше скијање. Малку скијале повеќе се восхитувале на снегот градоначалниците на Делчево и на Пехчево,  Трајковски и Тренчовски, од 11 градоначалници дошле шестмина, меѓу нив и штипскиот Бочварски кој си ги заборавил скиите дома додека градоначалничката на Македонска КаменицаСтраменкова не може да стигне на целта заглавила некаде низ снегот.

Сепак, скијањето беше повод да се дојде на Пониква, а целта беше да се промовира заедништвото во стратегијата за регионалниот развој на Пониква и источниот регион. Во таа смисла ќе има уште вакви ноќни скијања, а најголерма добивка ќе биде ако некој од градоначалниците не си скрши нога.