Штип, 22.12.2020
Во Домот на култура „Ацо Шопов“ денес напладне е отворена изложба на слики создадени на годинашнава ликовна колонија „Ѓуриште 2020“.
Изложени се 24 уметнички дела создадени за време на одржување на спомнатата колонија. Делата се на уметници од Штип, Велес, Свети Николе, Куманово и Скопје. Поради пандемијата годинава небеше можно учеството на уметници од други држави, што оваа колонија ја прави меѓународна.
Изложбата ја отвори проф.д-р Трајче Стојанов, кој напомна дека е убаво што домовите на култура од двата соседни градови Свети Николе и Штип соработуваат на ваков начин и во време на голема пандемија од Ковид 19.