ШТИП: Градоначалникот Николов и бизис заедницата ќе работат на успешен развој на штипската економија
Штип, 19.01.2021
Претставници на штипската бизнис заедница денеска се одзваа на поканата на градоначалникот д-р Сашко Николов за средба и разговор на која се дебатираше за улогата на локалното стопанство во економскиот и социјалниот живот на градот и општината.
-Идејата и главната цел како општина ни е да изградиме партнерски однос со приватниот сектор, да ја зацврстиме соработката и со меѓусебна поддршка да придонесеме за доброто на градот. Ваквите средби, како денешната, отвараат можности и перспективи, за обезбедување инвестиции од приватниот сектор во општината, со разработка на планови, за градба на нови производствени капацитети, посочи Николов.
Градоначалникот уште рече дека со силна општина и силен приватен сектор, со меѓусебна доверба во работата, ќе се успее во намерата за унапредување на условите во градот во сите сегменти од секојдневното живеење.
Ова тело е еден вид економски совет на градоначалникот кој ќе се состанува согласно потребите на бизнис заедницата и на Општина Штип и ќе дава идеи за натамошен успешен развој на штипската економија.