Кочани, 20.10.2022
Во Градскиот парк на Кочани вчера е поставен јавен часовник кој во секое време на граѓаните ќе им покажува колку е часот.
Часовникот е четворостран, што значи дека точното време во секој миг може да се забележи од секоја страна на светот.
Според информациите од локалната власт, часовникот е дел од приказната за комплетното уредување на Градскиот плоштад. Тој е подарок од една од најпознатите фирми за изработка на часовници на Балканот, а тоа е компанијата Инса од Белград преку Инса водаинженеринг од Велес фирма која е генерален застапник на Инса за Македонија.
Сите четири мерни површини се со лед ослетлување и истиот е поврзан на уличната расвета што овозможува видливост и во вечерните часови.
Денес бевме во Кочани и го видовме новиот украс на едно култно место на градот, и тој нам ни остави убав впечаток.