ШТИП: За спортска сала кај „Џексон“ државата издвојува 1,5 милион евра
Штип, 12.12.2023
Никола Мицевски, актуелен пратеник во Македонскиот парламент, координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, на својот фб профил објави убава вест која е од големо значење за развојот на спортот и физичката култура во Штип.
-Почитувани штипјани, сакам да го споделам со Вас, моето огромно задоволство дека вчера на комисиска и на пленарна седница за прераспределба на буџетски средства, помина амандманот поднесен од моја страна во висина од 90.000.000 денари (1,5 милион евра ). Со амандманот се предвидува да се обезбедат средства од 1.5 милион евра за изградба на Спортска сала на локација КП бр.8429/1 КО Штип 4, ул.Генерал Михајло Апостолски, на местото на добро познатиот спортски центар „Џексон”, објави Мицевски и додаде:
-Овие средства не се доволни за целосна реализација на Проектот, но убеден сум дека со максимала поддршка на Општина Штип и градоначалникот Иван Јорданов, ќе се дообезбедат средства за целосно финализирање на проектот. Сето ова немаше да беше возможно без напорите на претседателот Христијан Мицковски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија.
Ова се одлични вести за Штип кој со децении „размислува“ за изградба на спортска сала за поголем број спортови, пред се боречки (борење, карате, бокс, џудо) во кои градот имал и има светски, европски, блакански и национални шампиони.
Средствата доаѓаат во период кога Штип е прогласен за “Европски град на спортот за 2024 година” во конкуренција на градови од 25.000-500.000 жители.
Ова е одлична можност за уште поголем развој на спортот, спортските клубови и спортската инфраструктура во Штип. Задоволство е уште поголемо, што со мојот ангажман давам поддршка за спортот и спортистите во Општина Штип. Важно е сите заедно да се бориме за промени и заедничка иднина. Важно е секој да даде придонес во својата област, бидејќи од секој нас зависат промените. Македонија и Штип се сакаат со дела и реализирани ветувања, објави Мицевски.
Инаку, пратеникот Никола Мицевски е и меѓународен судија во одбојка кој низ кариерата судел голем број меѓународни натпревари во одбојка.
Ова, секако, се добри вести за Штип кој со децении „размислува“ за изградба на спортска сала за поголем број спортови, пред се боречки-борење, карате, бокс, џудо но и одбојка, ракомет, кошарка, пинг понг…во кои Штип имал и има светски, европски, блакански и национални шампиони.
Оваа вест се надополнувана на информацијата од вчера која пред стотина спортисти, спортски и медиумски работни ја сподели градоначалникот Иван Јорданов, според која вест Европскиот парламент во Брисел го прогласил Штип за Европски град на спортот во 2024 година за градови кои имаат од 25.000 до 500.000 жители.