Охрид и македонската културна јавност, масовно и достоинствено,  го чествуваат ловороносецот Григор Прличев

Охрид, 6 Февруари 2024

– Вчера и денес, во рамките на манифестацијата “Прличеви беседи – 2024”, Охрид и македонската културна јавност, со бројни свечености, масовно и достоинствено, го чествуваат ликот и делото на големиот поет и преродбеник, охридскиот Хомер – Григор Прличев.

Паралелно, се одбележува и годишнината од смртта на Прличев, кој се упокои на 6 февруари пред 131 година.

Денеска, беше положено цвеќе на неговата биста, додека централните манифестации се одржаа во НУ. Библиотека “Григор Прличев” и во Спомен куќата на Прличев каде, со звуците на песната „1762 лето“, се одржа манифестацијата „Стихови и звуци за Прличев“.

Бројните рисутни ги поздрави заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, кој, Прличев го претстави како врвна книжевна преродбеничка фигура, но и како човек кој кај охриѓани ја будел надежта и уверувањето за важноста на образованието, богатството на духовната историја, националното будење и културното самоидентификување.

Божиноски врачи  два примероци на книгата “Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението на слепи лица од Охрид.

Нему пак, за локалната самоуправа во Охрид, портрет од Григор Прличев му врачи Олга Прличева, правнуката на славниот поет, која секоја година, по овој повод, доага од Софија  во Охрид.

Во истиот простор се одржа промоција на делото “ОХРИДСКИ ПОЕТИ”, преглед во избор на професорот  Димита Пандев и поетот  Славе Ѓорѓо Димоски, во издание на Општина Охрид, дел од едицијата од десетина книги, под уредништво на Митре Вељаноски.

Делото го претстави, како што беше најавен, охридската жива легенда, археологот и градител  на капитални градби  во Охрид, Паско Кузман, според кого двајцата автори направиле уште еден подвиг за поетската аура на Охридското поднебје со инспиративните зони на Големата вода и Волшебниот рид.

-Станува збор за една историска кохеренција поради исрориската вертикала од Светиклимкентовата раносредновековна книжевна академија до последниот застапен поет во овие 246 страници, која, секако, може да се вгради во синтагмата Охридска поетска република, како што би кажал Јордан Плевнеш, потенцираше Кузман.

Кузман не препушти, а да не го афирмира големиот подвиг на општина Охрид со едицијата “Охридско книжевно наследство”, како  и ангажманот на главниот и одговорен иредник професорот и поранмешен пратеник, Митре Вељаноски, за кого рече дека е олицеторение на максимата дека творештвото има татковина, но, нема политичка партија.

Импресивна беше и последната манифестација, традиционалната, 72, по ред, “Прличева визита”, која, заедно со ходникот, беше претесна за сите заинтересирани.

Охриганката по потекло, професор д-р Елизабета Шелева, одржа имшпресивно Слово за ловороносецот од Атина, Григор Ставрев Прличев, додека директорот на НУ Библитека “Григор Прличев”, Милчо Јованоски, изнесе редица факти, активности и признанија, кои, оваа установа ја доведоа до препознатливост како лидер, во својата дејност,  во нашата земја, со над 2.000 читатели и над дваесетина реализирани проекти пред Министерството за култура, надвор од редовниот буџет за плати и основна дејност. (Крај)

Веле Митаноски

 

Беа наградени и добитниците на првата награда за литературни творби на литературниот конкурс на ООУ „Григор Прличев“.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе