ШТИП: Гимназијалецот Даниел Христов освои бронзен медал на Менделеева олимпијада по хемија

Штип, 22.04.2026

Даниел Христов ученик во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип.

-Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медал на овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата гимназија и покажа дека знаењето навистина вреди.

Горди сме на тебе! Честитки за извонредното достигнување и нека ова биде само дел од твоите големи успеси, напишаа од СОУ „Славчо Стојменски“-Штип.

Менделеевата олимпијада по хемија е најстарата, најтешка и најпрестижна олимпијада по хемија, а се одржува во Москва, Русија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press