Наградата за најдобра сцена во Прокупље за Стефан Ѓорчев од Свети Николе
Прокупље, 05.08.2017
- Младиот актер од театарот „Сцена 71“ од Свети Николе се закити со едно од најпрестижните театарски признанија во Југоисточна Европа
Стефан Ѓорчев, млад актер од театарот „Сцена 71“ од Свети Николе се закити со наградата за најдобра театарска сцена во претставaта „Европејци“ на меѓународниот театарски фестивaл „Бескрај 10 квадрати“ кој секоја година се одржува во Прокупље, Србија. Се работи за едeн од најпрестижните аматерски театарски фестивали во Југоисточна Европа кој е во организација на градскиот театар „Хистрион“.
Инаку, првата награда „Најголем Хистрион“ му припадна на театарот од Милановац за претставата „Доктор Шустер“, која од специјалното жири беше оценета и како најдобра на фестивалот. Втората награда е доделена на блачкиот театар за претставата „Пробуди се Като“, а третата награда „Голем Хистрион“ ја понесе претставата „Европејци“ на театарот од Свети Николе кој беше единствен претставник од нашата држава.
За актерка на Фестивалот е прогласена Бранка Панић ( Пробуди се Като), додека најдобар актер е Драшко Обреновић ( Доктор Шустер) . Нагардата за најдобра епизодна улога му припадна на Предраг Лошић ( Доктор Шустер). Беа доделени и повеќе други награди.
Овогодишниот Фестивал „Бескрај 10 квадрати“ кој по трет пат го организира Градскиот театар „Хистрион“, траеше 11 дена, а покрај осумте натпреварувачки представи беа прикажани и две ревијалнеи.
Према проценките над 3. 000 граѓани на Прокупља и блиските места ги следеле претставите.