Преполна сала за отворањето на новата концертна и галериска сезона на македонскиот КИЦ во Загреб

Македонскиот КИЦ во Загреб ја отвори новата концертна и галериска сезона со уметничка вечер во која се сретнаа графичката уметност и класичната музика. Изложбата „Дисциплина на скратениот траг“ на Евгениј Пантев и концертниот настап на Ристо Ѓоревски и Елена Атанасовска-Ивановска понудија квалитетна и содржински разновидна програма, која предизвика голем интерес кај загребската публика.

На почетокот пред бројната публика се обратија, македонскиот амбасадор во Хрватска, Н. Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска, како и авторот на изложбата Евгениј Пантев.

Ѓоргоска Илиевска во своето воведно експозе за изложбата истакна дека: „преку делата на Пантев хрватската публика има можност да се запознае со современото македонско графичко творештво преку автор со повеќедецениско искуство и значајно меѓународно присуство, кој зад зад себе има дванаесет самостојни изложби и учество на околу 200 меѓународни графички изложби, а учествувал и на повеќе уметнички резидентни програми во Европа, САД и други средини“.

Во својот осврт за изложбата на Евгениј Пантев, историчарот на уметност Дејан Буѓевац истакнува дека: „со својот досегашен опус Евгениј Пантев не наметнува гласно присуство, туку артикулира тивок, беспрекорен графички идентитет.

Неговиот пат е перманентна проверка на ликовниот ентитет на сувата игла, медитативен чин во кој плочата е место на одлука, а отпечатокот е чист доказ за постоење. Овој опус не завршува со последниот повлечен потег на листот, туку остава одглас во свеста на набљудувачот, повикувајќи го на повторно, бавно и внимателно читање на секоја врежана линија.“

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе