Фармерките се едно од ретките парчиња облека што никогаш – навистина никогаш – не излегуваат од мода, иако нивните кроеви, бои и детали постојано се менуваат.
Денимот е неизбежен дел од секојдневната гардероба со децении; неговата способност да се прилагоди на новите модни насоки е токму причината поради која постојано му се враќаме. Во последните години, сведоци сме на големо враќање на моделите со широки ногавици, опуштените силуети и дизајните инспирирани од 90-тите и 2000-тите – тренд што, се чини, ќе продолжи и во наредната година. Сепак, колекциите за пролет/лето 2027 година носат неколку интересни новитети кои би можеле да го променат изгледот на нашите омилени фармерки.
View this post on Instagram
Застапеноста на денимот во овие нови колекции е потврдена со анализа на 677 модни комбинации, претставени од 151 дизајнер за време на неодамнешните недели на модата. Во споредба со претходната сезона пролет/лето, неговото присуство на модните писти е зголемено за 31 отсто. Уште поинтересни се промените кај одредени стилови и детали: додека некои познати кроеви бележат значителен пораст, други постепено ја губат својата популарност.
View this post on Instagram
Фармерките со низок струк доживуваат големо враќање
Една од најочигледните промени е враќањето на фармерките со низок струк, чија застапеност на модните писти е зголемена за 319 отсто. Иако овој тренд веќе некое време се поврзува со повторното појавување на естетиката од почетокот на 2000-тите (т.н. Y2K естетика), новите колекции покажуваат дека нискиот струк веќе не е резервиран исклучиво за тесните фармерки. Сè почесто се појавува кај моделите со широки и опуштени кроеви – какви што прикажаа брендовите „Ralph Lauren“, „Knwls“ и „Eckhaus Latta“.
Истовремено, расте застапеноста на моделите со среден струк, додека фармерките со висок струк бележат пад од 40 отсто. Ова не значи дека мораме да се збогуваме со нашите омилени модели со висок струк, но се чини дека модната сцена следната година повеќе ќе навалува кон опуштени силуети што стојат пониско на телото.
Што се однесува до самите кроеви, фармерките со barrel крој – односно оние со заоблени, волуменозни ногавици – остануваат еден од клучните стилови за претстојната година. Нивната карактеристична силуета – која се шири кај колковите и бутовите, а потоа се стеснува кон глуждовите – бележи пораст од 283 отсто. Ги забележавме во колекциите на брендови како Dolce & Gabbana, Valentino и Brunello Cucinelli; различните интерпретации покажуваат колку овој крој се оддалечил од класичниот модел со прави ногавици.
View this post on Instagram
Фармерките во „boyfriend“ стил бележат уште подраматичен скок – неверојатни 1.000 отсто. Сепак, вреди да се напомене дека овој стил моментално зазема релативно мал дел од анализираните модни комбинации. Нивната опуштена силуета и лежерниот, неформален дух совршено се вклопуваат во поширокиот тренд кон поудобни кроеви, кои се малку пошироки од телото.
Колку посветли, толку подобро
Промените не се ограничуваат само на кроевите, туку се однесуваат и на боите. Белите фармерки се издвојуваат како еден од најзначајните трендови за сезоната пролет/лето 2027 година, со пораст на застапеноста од 184 отсто. Се појавија во колекциите на дури 41 дизајнер – меѓу кои Ralph Lauren, Zimmermann и Alberta Ferretti – при што особено се истакнуваат моделите со широки ногавици и опуштен крој.
Од друга страна, класичниот темно син тексас бележи пад од 50 отсто, додека расте интересот за посветли, избледени и нерамномерно измиени нијанси. Понатаму, белите фармерки веќе не се резервирани само за минималистички стилови; тие совршено се комбинираат со лесни кошули, едноставни маици и сандали, но одлично изгледаат и во спој со поструктурирани парчиња облека, што им дава поелегантен изглед.
View this post on Instagram
Вреди да се спомене и враќањето на тексасот со видливи знаци на носење – конкретно ефектите „vintage wash“ (винтиџ изглед) и „dirty wash“ (изглед со „валкани“ тонови). Првиот бележи пораст од 88 отсто, а вториот од 103 отсто, што одразува растечки тренд кон намерно избледени и нерамномерни завршни обработки. Овие модели потсетуваат на фармерки што некој можеби со години ги чувал во својот плакар, а во новите колекции се појавуваат во различни нијанси на сина и сива боја.
Спротивно на тоа, класичните искинати фармерки бележат пад од 33 отсто; Фокусот се префрли кон текстура што изгледа како веќе носена, наместо кон големи, јасно видливи искинати делови. Со други зборови, наместо впечатливи дупки и оштетувања, сега акцентот е ставен на посуптилни несовршености кои на тексасот му даваат карактер инспириран од „винтиџ“ стилот.
View this post on Instagram
Тексас од глава до пети
Покрај фармерките, анализата покажува и зголемена застапеност на други парчиња облека од тексас. Кај тексас кошулите се забележува пораст од 62 отсто, кај класичните тексас јакни – 34 отсто, а кај тексас елеците – 79 отсто. Сето ова потврдува дека тексасот ќе има значајна улога во колекциите за пролет/лето – и тоа не само како материјал за панталони.
Понатаму, естетиката „тексас на тексас“ (denim-on-denim) повторно се враќа во мода. Ќе носиме тексас кошули и јакни во комбинација со панталони од ист материјал, но и во поразиграни варијанти што вклучуваат различни нијанси и текстури. За оние што претпочитаат едноставни, а сепак впечатливи комбинации, ова е еден од најлесните начини да ги вклучат актуелните трендови во својот гардеробер.
View this post on Instagram
Судејќи според новите колекции, следната година ќе донесе интересна мешавина од познати стилови и похрабри, поексцентрични дизајни.
Кроевите со широки ногавици остануваат, но со изменети пропорции; моделите со низок струк повторно доаѓаат во преден план; а тексасот во светли нијанси или со избледен изглед станува сè позастапен.
View this post on Instagram
Иако податоците од модната писта не мора нужно да значи дека сите овие трендови ќе заживеат во секојдневната мода во иста мера, таа сепак дава прилично добра слика за насоката во која ќе се развива изборот на фармерки за пролетта и летото 2027 година.
