На 08.11.2026 во 02:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Б.М.(35) од село Нивичани, кочанско. Претходно тој управувајќи патничко возило „форд“ со кочански регистерски ознаки учествувал во сообраќајна незгода, а при преземени мерки полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,03 промили алкохол во организмот. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 07.11.2026 во 12:00 во ОВР Свети Николе е пријавено дека настанал пожар во фабрика во Свети Николе. Пожарот го изгаснала ТППЕ Свети Николе, а поради вдишување на чад на лекарски преглед се јавиле 10 лица, а едно лице се здобило со изгореница. Извршен е увид.
На 07.11.2026 во 16:05 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.М.(40) од Кочани, затоа што претходно тој и се заканувал на неговата 44-годишна партнерка од Делчево. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
