Европските лидери реагираат со гнев и загриженост откако руски ракети паднаа во Полска

Падот на руски ракети и дрон во Полска за време на големи воени вежби што се одржуваат во оваа земја членка на НАТО, европските лидери го оценија како „провокација“ и „неодговорно коцкање“, кое само дополнително ќе ја изолира Москва и ќе ја зајакне решеноста на Западот да продолжи со поддршката за Украина, пренесува „Гардијан“. 

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го нарече инцидентот „сериозно нарушување“ на полскиот воздушен простор.

„Овој инцидент е очигледно опасен, последица на тековната војна на Русија против Украина“, напиша Руте на социјалната мрежа Икс.

Вчера две руски крстосувачки ракети и еден дрон со млазен погон паднале на територијата на Полска, соопштија полските власти. Ракетите паднале за време на руските воздушни напади врз Украина. Полскиот министер за одбрана, Владислав Косинијак-Камиш, изјави дека смета оти „не е случајно“ што инцидентот се случил на истиот ден кога се одржувале заеднички воени вежби со учество на војници од 11 земји од таканаречената „коалиција на подготвените“.

Инцидентите биле регистрирани во Нови Липовјец, Молодич и Рудник на Сан, во југоисточниот дел на Полска, на оддалеченост од 50 до 100 километри од Нова Демба, каде што се одржуваат воените вежби.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе