ШТИП: Mала свеченост во чест на убавиот мозаик

Штип, 20.11.2017

Мала, пригодна церемонија се одржа по повод завршувањето на изработката на мозаикот на еден од ѕидовите пред главниот влез во големата сала на домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Мозаикот е дело на младите уметнички м-р по ликовна уметност Александра Димитрова, од Кочани и Љупка Коцева  од истиот град, ученичка во школата за цртање и сликање при Домот на култура „Бели Мугри“.

01„Во нашата држава и во странство ние развиваме еден вид културна дипломатија. Проектот е под наслов „Мозаик, соработка со традицијата и современото живеење“, а ова дело е всушност промоција на мозаикот како креативна работилница во сферата на мозаикот и интерактивната работа на граѓаните која ќе остане во трајна сопственост на Општина Штип. Проектот се реазлира во три општини – Штип, Кочани и Струмица и е во соработка со Министерството за култура“, рече Емилија Миладинова Аврамчева, претседателка на здружението „Добредојде Македонија welcome центар“.

 Емилија Миладинова Аврамчева, говореше за проектот кој се спроведува во Штип, Кочани и Струмица
Емилија Миладинова Аврамчева, говореше за проектот кој се спроведува во Штип, Кочани и Струмица

На церемонијата присуствуваше и градоначалникот на Штип Благој Бочварски.

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе