ИСТОКОТ ПРООДЕН ИАКО„МАКЕДОНИЈА ПАТ“ РАБОТИ СО ПРАСТАРИ МАШИНИ

Штип, 26.02.2018

Од штипската регионална подружница на „Македонија пат“ тврдатдека сите магистрални и регионални патишта се проодни. Снегот не бил во толкави димензии да го спречи одвивањето на сообраќајот. Ова го тврди Кире Коцев, драководител на оваа подружница.

c01-Екипите на „Македонија пат“ се на терен 24 часа. Првиот и вториот степен на приправност се веќе завршени, сега сме навлезени во третиот степен што значи дека имаме по едно возило на секој од пунктовите. Сепак, снегот кој наврна синоќа не предизвика да ангажираме и други возила за квалитетно да си ја извршиме задачата во зимски услови, рече Коцев.

Тој смета дека се неоправдани критиките кои од разни адреси се упатуваат на „Македонија пат“.

– Таквите критичари не ги знаат нашите ингеренции. Имено, критикувани сме дека не сме ги одржувале улиците и тротоарите во градските средини, а треба да се знае дека тие се во надлежност на локалните јавни претпријатија, а не на ЈП „Македонијапат“. Ние сме задолжени само за чистење на државните магистрални и регионални патни правци, рече Коцев.

Штипскиот градоначалник испрати јавен повик до граѓаните барајќи да си ги исчистат своите дворови од снегот. –„Аако сите си помогнеме градот час побргу нормално ќе профукнционира“, апелира Бочварски.

На терен, во моментов, на патиштата во источна и југоисточна Македонија се  девет возила на „Македонијапат“ и 13 возила од трети лица , кои постојано го чистат снегот од коловозите. Но, голем проблем е фактот дека механизацијата не е обновувана со децении па патиштата се чистат со стара и речиси застарена механизација.

Кире Коцев
Кире Коцев

Коцев забележува дека проблеми на патиштата создаваат и тешките товарни возила и автобуси кои имаат летни гуми, па често се случува и да застанат на сред пат и да го закочат сообраќајот. Утринава имале таков пример на регионалниот пат Овче поле-Свети Николе, каде што автобус со летни гуми застанал на железничкиот премин, па екипите на „Македонијапат“ морале да интервенираат и да го отстранат од коловозот.

И градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изутринава, во придружба на директорите на ЈП Исар и ЈП Стипион излезе на терен и направи увид во состојбите во градот во услови на снег.

-Со паѓањето на првиот снег, дежурните екипи на ЈП „Стипион 2011“ во 16:00 часот излегоа на терен. На терен излегоа и екипите на ЈП „Исар“. Согласно Програмата за зимско одржување на територијата на Општина Штип и Оперативниот план за дејствување во зимски услови, екипите делуваа по приоритет на улици и реони со специјалните возила кои претходно беа ставени во состојба на приправност, рече Бочварски.

Коловозите се посипуваа со абразивен материјал за непречено одвивање на сообраќајот. До шест часот утринава, интервенирано е со 78 тони абразивни средства по улиците од прв и втор приоритет, односно улицата кон болницата, улиците „Генерал Михајло Апостолски“, „Христијан Карпош“, „Маршал Тито“, улиците кон населбите Сењак, Дузлак и Баби и излезите на градот.

„Би сакал да ги информирам граѓаните дека излеговме во пресрет на две болни дечиња во село Почивало, кадешто е пренасочена машина, со цел да се помогне на овие дечиња,“ информираше градоначалникот Бочварски. Тој апелираше до граѓаните да ги исчистат своите дворови од снег, за сите да си помогнеме час поскоро градот да ни биде во функција.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе