Македонска Каменица, 13.03.2018
Рудникот за олово и цинк САСА постави нов рекорд – 500 дена без повреда на работно место. Тоа е најдолг временски период на денови без повреда на работно место во оваа индустрија во земјава, но и пошироко. Претходниот рекорд на денови без повреда во рудникот САСА, во периодот од 11 години од рестартирањето на рудникот, изнесуваше 210 денови.
„Среќни сме и горди на ова достигнување кое е резултат на заедничата работа на сите вработени и преземените мерки за заштита и почитување на процедурите. Како менаџмент планираме и понатаму да вложуваме во безбедноста на рударите и сите вработени во рудниот САСА, затоа што заштитата на здравјето и безбедноста е највисок прироритет за сите нас“, изјави генералниот директор на САСА, Неил Стевенсон.
Заради одбележување на ова значајно достигнување, сите вработени во компанијата добија парична награда, а беше организирана и пригодна свеченост.
„Им честитаме на сите вработени и на менаџментот на САСА за нивната посветеност во одржување највисок степен на заштита и безбедност во рудникот. Како синдикат ние секогаш се залагаме за поголема безбедност на рударите и затоа навистина сме имресионираи од она што досега е вложено и што е планирано во иднина да се направи на ова поле во САСА, изјави Марија Анчева, генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството – СИЕР.
Покрај вложувањата во безбедноста, новите сопственици на САСА – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, продолжуваат и со инвестициите во нова најсовремена технологија во производството. Имено, деновиве започна инсталацијата на новиот СМД млин во што се вложени над еден милион евра. Новата постројка, која е единствена од ваков вид во земјава, ќе ја зголеми ефикасноста и сигурноста на технолошкиот процес на извлекување на цинковиот концентрат од рудата која се ископува во САСА.
„Сите овие инвестиции во нова технологија на производство, во натамошно зголемување на безбедноста на сите вработени, во заштитата на животната срeдина, како и во активностите на локалната заедница, се најдобар показател за посветеноста на новитесопственици на САСА кон натамошен одржлив развој на рудникот со што се придонесува за поголем просперитет на локалната заедница и на замјата во целина“, вели генералниот директор на САСА, Стевенсон.