Брисел, 04.05.2018
Градоначалникот на Штип Благој Бочварски вчера во Брисел, заедно со Јасна Грабич, го водеше состанокот на ЗКК кој е составен од 22 члена.
Еден од дискутантите беше и Иво Вајгл, а панелисти беа и други експерти од различни области. Една од темите беше и темата за управувањето со отпадот.
Денеска Бочварски се обрати на пленарна сесија на Европскиот комитет на регионите на која свое обраќање имаа и Јоханес Хан, Ерван Фуере и други.
„Од сите добивме поддршка да продолжиме по вистинскиот пат. Македонија се споменува како позитивен пример. Од заробена земја, таа повторно е на вистинскиот пат. Локалната самоуправа е исклучително важен елемент во процесот на пристапување кон ЕУ,“ истакна Бочварски во излагањето во главниот град на европската политика.