Штип, 04.05.2018
Студенти од прва и втора година на правниот факултет и студиите по новинарство беа гости на последната седница на Советот на општина Штип кој траеше цели 7 часа поради бројноста и сериозноста на точките кои беа предмет на разгледување, расправа и одлучување.
„Ова е практична настава за нашите студенти како дел од вежбите кои ти ги имаат. Студентите се тука да го следат процесот на креирање и носење одлуки на локалниот парламент. Тие се тука за да ги видат сите добри но и помалку добри дискусии, заложби и ставови во однос по важните прашања за нашата локална заедница“. Ова ни го изјави проф.д-р Андон Мајхошев, под чие менторство студентите будно ја следеа бурната и на моменти експлозивна расправа во Советот на општина Штип.
Мајхошев вели дека со ваква пракса како дел од практичната настава за студентите Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе продолжи и во иднина.