ОДГОВОРНОСТ – ОСТАВКА
Скопје, 14.06.2018
Господине Иванов вие не сте татко на нацијата. Вие сте срамот на нашата татковина залутан во функцијата и најдобар сте кога молчите. Добивате плата од народот за кој ама баш ништо добро не сте направиле. Вие сте човек без свое ЈАС, управуван од бандити, криминалци и убијци кој ја води земјава во пропаст.
Престанете да ја туркате земјава во изолација. Ние граѓаните ви порачуваме повлечетесе оти доцните а одамна требеше да го сторите тоа.
Вие сте обичен штетник, немате срам а вашето појавување на сцена освен што влева страв исто така ги преплавува социјалните мрежи со слики и недолични коментари а тоа е доволен показател да разберете дека еден ден кога и да е ќе треба и ќе мора да одговарате за сето зло што го нанесовте и се уште го нанесувате преземајќи дејства на недозволива манипулација и на штета на државата.
Крајно време е:
ОДГОВОРНОСТ – ОСТАВКА