ДЕЛЧЕВО: Над 120 учесници ја поддржат приказната за Делчево

Делчево, 08.08.2018

Над 120 учесници беа дел од првиот Бизнис-форум што го организира Општина Делчево. Под мотото „Да ја поддржиме приказната на Делчево“ во ресторанот „Либеро“ на Бизнис-форумот учествуваа соработници на Делчево, луѓе родени овде, но животот ги однел во други градови и држави, поединци кои со својот труд и заложби развија успешни бизниси, претставници од институции, гости од збратимените градови Рача, Србија и Борнова од Измир-Турција.

Целта на овој Бизнис-форум е да се презентира Општина Делчево како одлична можност за инвестиции, истакна градоначалникот Горан Трајковски пред присутните гости на Форумот.

delcevo01„Од овде вечерва сакаме да порачаме дека секој поединец од свој аспект на делување придонесува, но може и уште повеќе да придонесе за развој на нашиот роден град и секој да се чувствува корисен дека дел од неговите заложби се вткаени во успешната приказна на Делчево. Вечерва ја презентираме нашата работа, можностите за инвестиции, но пред сѐ, сакам да ги слушнам луѓето кои можат многу да придонесат во развојот на Делчево- да ги слушнам идеите за развој на Делчево и плановите за инвестиции во родниот град“, истакна Трајковски.

TРАЈКОВСКИ:  Од овде сакаме да порачаме дека секој поединец од свој аспект на делување придонесува, но може и уште повеќе да придонесе за развој на нашиот роден град и секој да се чувствува корисен за дел од неговите заложби се вткаени во успешната приказна на Делчево

Тој порача дека Делчево има многушто да понуди и како погранично место, каде на 10 км е лоциран Граничниот премин со Бугарија со цела инфраструктура на Царинската испостава, треба да се разгледува како одлична можност за инвестирање.

„Од една страна профит за бизнисите, здрава конкуренција, од друга, нови вработувања што ќе значат и подобар квалитет на животот на граѓаните.

„Зоните наменети за лесна индустрија, како што е ТИРЗ и каде  досега нема ниту еден инвеститор, има предвидно осум плацеви наменети за лесна незагадувачка индустрија. Тука е и Сервисната зона, но се подготвуваме за уште една зона која ќе ја предвидиме со ДУП, како и Зоната кај Касарната. Но, подготвивме комплетна техничка документација за изградба на современ градски пазар, каде промовираме форма на јавно-приватно партнерство. Исто така, детското одморалиште на Голак чека инвеститори под истата форма и, верувам, дека е идеално за развој на здравствениот туризам. На Голак имаме ДУП, има предвидено локации и целиот капацитет е насочен за враќање на сјајот на Голак како туристичка дестинација.Овде накратко ќе ја споменам и доизградбата на градската црква посветена на Светите браќа Кирил и Методиј. Со нејзината доизградба Делчево ќе добие еден од најубавите храмови во регионот. Има уште доста можности кои вечерва ги отвораме пред нашите гости и пријатели“, потенцираше Трајковски.

На Бизнис-форумот беше презентиран видеоматеријал за  Делчево низ историјата и вредностите на Општината, проектите кои се во тек на реализација и планирани активности, можностите за развој на бизнис во Делчево, можностите што ги нуди Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, Можности во делот на образованието-Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Делот за дебатата беше во вториот дел од форумот под мотото „Идеи за развој на Делчево“, каде присутните учесници на форумот изразија задоволство од организацијата на форумот и изложија дел од своите идеи за развој на Делчево.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе