Делчево,15.08.2018
Општинската награда „7 Септември“ која годинава прв пат ја доделува Општина Делчево по повод Денот на ослободување на Делчево, ќе ја добијат 6 кандидати пријавени на Конкурсот. Советниците од делчевскиот Совет на 12 Седница го прифатија предлогот од Комисијата за доделување награди и признанија на Општина Делчево,според кој, наградата „7 Септември“ ќе ја добијат:
Горан Велков и Љупчо Стојчевски за особени достигнувања во областа на спортот, примариус д-р Виолета Арсовска за особени достигнувања во областа на здравствената заштита, Кристина Петровиќ за достигнувања во областа на образованието, Андреј Илиевски- Волкашин за особени постигнувања во областа на филмската уметност и Петар Атанасовски- Пепин за достигнувања во областа на ликовната уметност.
Наградата се состои во плакета која ќе биде доделена на свеченоста по повод 7 Септември и паричен износ од 3.000 денари. Средствата за наградата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.
Општина Делчево за прв пат ја воведува оваа награда, а целта е да се оддаде почит на поединци или правни лица за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Македонија и во светот.