КОЧАНИ: Гостување на Унковски со претставата „Солун, град на духови “

Кочани, 17.08.2018

В понеделник, на 20 август, на Споменикот на слободата, со почеток од 20 часот ќе биде прикажана театарската претстава „Солун, град на духови“, работена по текст на Русомир Богдановски, инспирирана од истоимената книга на Марк Мазовер, а во режија на Слободан Унковски.

Хрониката „Солун, град на духови“,од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија. Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430 година, па сè до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски Евреи во логорот Аушвиц. Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.

k02Претставата е продукција на „Театар на Навигаторот Цветко“ од Скопје, со поддршка на Министерство за култура и на Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Актерската екипа ја сочинуваат Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников, Владимир Петровиќ и Наталија Теодосиева, која е родум од Кочани. Прикажувањето на претставата во амбиентот на Споменикот на слободата во Кочани, за актерскиот состав претставува исклучителен момент.

Во структурата на Споменикот на слободата, потполно отворена кон природата и социусот, обликувани се сцена и театрон со очигледен потенцијал. Тој е замислен да фукнционира како простор на интеракција, живот и соживот со оние кои го населуваат.

Со желба одново да се отворат постојните и да се откријат нови перспективи кон можностите што ги нуди споменикот за граѓаните на Кочани, но и секој друг кој го чувствува или би го почуствувал како свој, изведбата на претставата „Солун, град на духови“ на ова место претставува еден решителен чекор кон остварувањето на намерата за одново освојување и населување на овој простор на слободата и негова долгорочна ревитализација, велат уметниците од составот на Унковски.

Настанот е поддржан од Општина Кочани и Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе