ШТИП: Новинари од Штип и од Прилеп во посета на фабриката за масло Брилијант

Штип, 06.12.2018

По повод малиот јубилеј шест месеци од превземањето на фабриката за масло Брилијант од страна на прилепска Витаминка, денеска во фабриката во Штип новинари од овој град и од Прилеп беа запознаени со досегашните резултати од работењето на Брилијант. На настанот присуствуваа и градоначалниците на Штип Благој Бочварски и на Прилеп Илија Јовановски, а за шестмесечните остварувања и за идниот развој зборуваше директорот на Витаминка Сашо Наумовски.

„Пред шест месеци имавме успешно превземање на фабриката за масло Брилијант, и овој бренд производ ургентно го вративме во продавниците, маркетитите, на продажните полици. Производната линија е последен збор на технологијата, од еколошки причини мазутот како гориво го заменивме со земјен гас. Со фабриката „Благој Ѓорев“ работиме на враќање на сончогледот на нашите ниви за што преговаравме во Владата, а засега со суровината се обезбедуваме главно од Бугарија. Денес најголемиот дел од производството го пласираме на домашниот пазар, а се повеќе брендот Брилијант си го пробива патот и на пазарите во Косово, во Србија, а наскоро така ќе биде и во Албанија како стар, поранешен пазар, рече Сашо Наумовски, директор на „Витаминка“.

maslo Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое од пред извесно време е достапно на продажните места. Со појавата на Брилијант Омега 3, се зголемува производниот асортиман на фабриката во Штип, а овој бренд ја зацврстува својата позиционираност на пазарот.

Воведувањето на ова масло е инвестирање во проширување на производниот асортиман а преку воспоставување на новиот технолошки процес, претставува вложување и во фабричките капацитети.

maslo1„Со Брилијант влеговме во сегмент на производство каде има голем потенцијал за раст. Имајќи ја предвид експертизата на Витаминка во делот на иновациите и развој на производите Брилијант има само успешна приказна пред себе. Сепак станува збор за производ што има своја традиција, свој неспорен квалитет, свои потрошувачи, но со иновативни производи ќе успееме да придобиеме и нови потрошувачи. Праксата покажува дека со вистински вложувања, во вистински момент и начин, секој бизнис дава резултати. Таков е примерот со Брилијант“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Во производството на Брилијант Омега 3 искористени се современи методи со што се доби висококвалитетно сончогледово масло збогатено со есенцијални масни киселини. Брилијант Омега 3 е збогатено со докосахексонична (DHA) масна киселина и со тоа станува извор на Омега 3 масни киселини, а со негово консумирање и голем здравствен бенефит.

Фабриката во Штип во моментов има искористеност од 40 проценти од нејзиниот капацитет. При денешната посета на фабриката во овој град на новинари од Прилеп и Штип, а на која беа присутни и градоначалниците на двата града, беше речено дека Брилијант располага со најсовремена технологија за производство на масло за јадење.

Инаку, во фабриката на работа се вратени 70 работници.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе