ШТИП: Подготовки за изборно собрание на Општинската организација на Партијата на пензионери
Штип, 20.02.109
Денес во Штип раководството на Општинската организација на Партијата на пензионери имаше работен ручек со претседателот и пратеник, генералот во пензија Илија Николовски и со Илчо Георгиевски, член на Извршниот одбор на Партијата на пензионери.
На состанок на кој присуствуваа претседателот на Општинската организација Иван Бојаџиски и потпретседателите Ацо Зафиров и Благој Анчев, беше договорено Изборното собрание да се одржи кон средината на идниот месец, а на истото може да присуствуваат сите членови како и оние граѓани кои ќе посакаат да се зачленат во Партијата.
Партијата на пензионери по само четири години од формирањето на парламентарните избориоствари одлични резултати. Граѓаните ја препознаа како партија која во своите редови има мошне квалитетни личности. Тоа беше причина уште на првите парламентарни избори по основањето на партијата таа да го добие својот прв пратеник во ликот на Илија Николовски. На последните локални избори оваа партија доби советници во шест општини, меѓу кои и во Штип.
На Изборното собрание за остварените резултати во изминатите четири години на државно ниво извештај ќе поднесе претседателот Илија Николовски, а за состојбата и резултатите во Општинската организација Штип претседателот на истата Иван Бојаџиски. Ќе бидат избрани и ново раководство како и органи на Општинската организација.
На фотосот од лево на десно: Б.Анчев, А.Зафиров, И. Николовски, И.Бојаџиски и И. Георгиевски.