Густ авионски сообраќај над Плуждино

Штип, 10.03.2019

Воздушниот коридор над Плуждино,викенд населба на 3,5 километри од Штип е еден од најживите и нафреквентни воздушни авиопатишта. Дење-ноќе над овој преубав простор летаат над дваесеттина авиони. Насоката им е север југ и спротивно, а тоа денес го забележавме преку овие фотографии..

avionИ денес околу 11,30 четири авиони по два во спротивни насоки летаа над овој предел. Ведрото небо придонесе да можат убаво да бидат видени во целата нивна големина и сјај, а белиот дим кој од согорувањето на керозинот го оставаа зад себе како да сакаше да ни порача дека тие се тука, над нашите глави и дека сите треба да се чувствуваме безбедно, и патниците, а и ние долу на земјата..

Кај моите пријателите кога доаѓаат на гости постои различност во мислењата од каде и за каде летаат овие авиони. Едни се на мислење дека летот е од Африка до Атина, други дека е оваа патека Атина-Париз и обратно, а јас немам поим што е точно.

Моја претпоставка е дека тие летаат на височина од 10.000 метри зашто знам дека на таа височина авионите најмалку трошат гориво.

(и.б.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе