Концерт на руски песни на Аљона и Арина

Свети Николе, 06.05.2019

Атрактивните руски артистки Аљона Мартинова и Ајрина Крајушкина утревечер во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе приредуваат концерт на руски песни под наслов „Подмосковски вечери“.

Младите Аљона и Арина се од градот Електростаљ, московска област од Руската Федерација. Тие ја популаризираат руската песна во разни делови од светот, а во нивната овогодишна агенда се најде и нашата држава, односно градот Свети Николе кој е седиште на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р.Державин“. Оваа високобразовна установа досега кај нас има донесено многу познати личности од светот на културата, уметноста и музиката од Руската Федерација..

Концертот се одржува во вторник, 07 мај, годинава, во 19 часот, а влезот е слободен.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе