Новинарите од регионот работеа на стратегијата за 2019-2020 година

Берово/Пехчево 09.06.2019

Новинарите од регионалниот центар „Исток“ кој е во рамките на Здружението на новинари на Македонија викендов во Берово и Пехчево работеа на стратегијата за работа на својот регионален центар за оваа и идната година. Оваа стратегија ќе биде составен дел од стратегијата која се изработува во ЗНМ за период 2019 – 2013 година.

Во Берово на Аурора и во Пехчево во хотел Гогов новинарите имаа пријатна средба и дружење со Христо Христов, диригент на Камерната опера од Благоевград и оперската пејачка Десислав , негова сопруга кои изразија голема желба за настапи во Штип и други градови од регионот
Во Берово на Аурора и во Пехчево во хотел Гогов новинарите имаа пријатна средба и дружење со Христо Христов, диригент на Камерната опера од Благоевград и оперската пејачка Десислав , негова сопруга кои изразија голема желба за настапи во Штип и други градови од регионот

Тони Михаилов, претседател на регионалниот центар „Исток“ појасни дека овој центар работи на својата стратегија за оваа и идната година, како работа од прв приоритет, а на наредни работилници ќе ја прошири стратегијата до 2023 година од која приоритетните насоки на новинарите од регионот-членови на ЗНМ ќе бидат вградени во националната стратегија на ЗНМ.

На работилницата беше заклучено од ЗНМ да се бара во неговата стратегија да биде поместен заклучокот во управните органи на Здружението да има рамномерна застапеност на новинари од регионалните центри и од Скопје, што сега не е случај. Второто барање кое ќе биде упатено до ЗНМ е барањето за финансиска поддршка на регионалните центри за нивните активности, при што не се бараат пари туку се бара поддршка на определен број работилници и дебати кои ќе ги организираат центрите во шесте региони.

ivboj03_800x600Третото барање код од овој центрар ќе биде упатено до ЗНМ е да се изготви проект за организирање обуки со лицата кои работат на ПР на локалните самоуправи но и со советниците при Општинските совети.

-Имаме потреба од своја канцеларија каде ќе можеме да ги архивираме нашите документација, да оддржуваме блиц средби, да се договарама за разновините активности.Тоа ќе го бараме од ЗНМ, вели Михаилов.

Една од работите на кои ќе инсистира РЦ „Исток“ е докрај и безусловно да биде реализирана идејата на ЗНМ според која сите национални медиуми задолжително да имаат свои платени дописници од регионите и поголемите општини. –„На ваков начин ќе се отворат можностите за нас младите новинари зашто денес речиси сите порти ни се затворени“, е ставот на Николина Атанасова, дипломиран новинар на УГД.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе